logo
logo
logo

Бесент: Земјите што не возвратија на царините ќе бидат наградени

Vecer | 09.04.2025

Бесент: Земјите што не возвратија на царините ќе бидат наградени

Трамп најави зголемени царини за Кина, но царини замрзнати на 10 отсто во текот на 90 дена за сите останати земји.

Бесент порача дека САД се подготвени да преговараат со „секоја земја во светот“ што сака да разговара за трговските услови.

- Ќе преминеме на основна царина од 10 отсто за тие земји, изјави тој, додавајќи дека тарифите за Кина ќе бидат зголемени на 125 отсто поради, како што рече, „нивното инсистирање на ескалација“.

Според Бесент, повеќе од 75 земји веќе контактирале со САД за да разговараат за условите, а Вашингтон е подготвен да преговара „во добра верба“.

Тој нагласи дека 90-дневната пауза, најавена од Трамп, ќе обезбеди време за овие преговори. Оваа ненадејна промена во политиката на Трамп доаѓа помалку од 24 часа откако стапија во сила високите тарифи за увоз од десетици трговски партнери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk