„Нема да преговараме за правото на Иран да збогатува ураниум и за тоа дека збогатувањето ураниум е една од нашите црвени линии. Иран не се стреми кон нуклеарно оружје, а збогатувањето ураниум во нашата земја се врши за мирољубиви цели. Експертските и техничките состаноци ќе се одржат индиректно во Мускат во среда оваа недела. Значи, ние во моментов ги дефинираме општите принципи на преговорите“, рече Абади.
Тој додаде дека на претходната рунда преговори со САД било постигнато взаемно разбирање за општите одредби од договорот за иранската нуклеарна програма.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата