logo
logo
logo

Белата куќа: Маск ќе го напушти ДОГЕ кога ќе ја заврши работата, кон крајот на пролетта

Vecer | 03.04.2025

Белата куќа: Маск ќе го напушти ДОГЕ кога ќе ја заврши работата, кон крајот на пролетта

-Илон Маск и американскиот претседател Доналд Трамп јавно кажаа дека Илон ќе ја напушти јавната служба како посебно вработен во американската влада кога ќе заврши неговата неверојатна работа во ДОГЕ, објави на својот „X“ профил портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит.

Таа ги критикуваше медиумите, повикувајќи се на написот објавен вчера на Политико, во кој се наведува дека Трамп им рекол на својот поблизок круг и на членовите на неговиот кабинет дека „Маск ќе се повлече од сегашната позиција во администрацијата во наредните недели“.  

Се очекуваше Маск да го напушти ДОГЕ по 130 дена како „посебен државен службеник“ во мај оваа година. Маск беше официјално ангажиран како „посебен државен службеник“, позиција основана од американскиот Конгрес во 1962 година која им овозможува на извршната или законодавната власт привремено да вработуваат службеници за конкретни краткорочни владини проекти.  

Според Политико, Трамп и Маск неодамна се договориле Маск да се врати на своите приватни работи. ДОГЕ беше основан со цел да се намали трошењето на владините агенции, како и да се распуштат оние чии улоги се покажаа како вишок. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk