logo
logo
logo

Поднесена е пријава против десет Британци поради воени злосторства во Појасот Газа

Vecer | 07.04.2025

Поднесена е пријава против десет Британци поради воени злосторства во Појасот Газа

Извештајот од 240 страници го составил тим адвокати од Обединетото Кралство и истражувачи од Хаг и го предале на тимот за воени злосторства на Командата за борба против тероризмот на лондонската полиција.

Извештајот е поднесен во име на Палестинскиот центар за човекови права и Правниот центар за јавен интерес со седиште во Велика Британија, кои ги претставуваат Палестинците во Газа и Велика Британија.

Извештајот, кој е прв од ваков вид, содржи истраги и цврсти докази за вмешаност на Британци во тешки злосторства извршени во Појасот Газа.

Тимот бара истрага за тие британски државјани, со цел да се издаде налог за нивно апсење и да се поведе кривична постапка пред британските судови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk