logo
logo
logo

Шефовите на најголемите банки во светот одржале таен разговор

Vecer | 07.04.2025

Шефовите на најголемите банки во светот одржале таен разговор

Како што дознава Скај Њуз, вчера лидерите на големите финансиски институции како Bank of America, Barclays, Citi и HSBC Holdings учествувале на заедничка конференциска врска на која разговарале за растечката неизвесност на пазарите, додека падот на цените на акциите ги подгреал стравувањата од нова глобална рецесија.

Поканата, според извори, била организирана од Институтот за банкарска политика, организација со седиште во Вашингтон која се занимава со финансиска регулатива и јавна политика.

Меѓу учесниците на повикот беа Брајан Мојнихан (Bank of America), ЦС Венкатакришнан (Barclays) и Жорж Елхедери (HSBC), а според информациите на функционер од странска банка, им се придружија и претставници на Цеј Пи Морган. Претседателот и извршен директор на Џеј Пи Морган, Џејми Дајмон, во своето годишно писмо до акционерите, денеска предупреди на инфлаторните притисоци и заканата од рецесија како директна последица на трговската војна.

Еден извор изјави дека целта на разговорите е да им се овозможи на американските банкари да ги претстават своите ставови за ситуацијата пред меѓународните колеги и да ја споделат загриженоста за ескалацијата на царинскиот конфликт. 

Во меѓувреме, акциите на водечките банки ширум светот бележат значителни загуби поради големите берзански потреси. Британската министерка за финансии Рејчел Ривс наводно е во постојан контакт со директорите на водечките британски банки, како и со гувернерот на Банката на Англија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk