logo
logo
logo

Белата куќа го предупреди Иран за последици доколку одговори на новите израелски напади

Vecer | 26.10.2024

Белата куќа го предупреди Иран за последици доколку одговори на новите израелски напади

Висок функционер на Белата куќа рече дека администрацијата верува дека израелската операција треба да ја „затвори директната воена размена“ меѓу Израел и Иран, и оти другите сојузници на САД се согласуваат.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот советник за национална безбедност Џејк Саливан беа информирани за време на нападот, изјавил анонимен функционер.

Тој додал дека израелската операција била „обемна, насочена и прецизна“. Официјалниот претставник нагласи дека САД не биле вклучени во нападот.

Израел во текот на ноќта нападна воени цели во Иран како одговор на ракетните напади на Техеран претходно овој месец.

Иран соопшти дека неговиот систем за противвоздушна одбрана „успешно се спротивставил на израелските напади врз воени цели во провинциите Техеран, Кузестан и Илам со ограничена штета на некои локации“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk