logo
logo
logo

Бела куќа: САД ќе продолжат со размена на разузнавачки информации со Украина

Vecer | 19.03.2025

Бела куќа: САД ќе продолжат со размена на разузнавачки информации со Украина

Во соопштението се наведува дека Зеленски посебно се заблагодарил на САД за ракетите „Џавелин“ (Javelin), првпат обезбедени од Трамп.

- Лидерите исто така разговараа за ситуацијата во Курск и се договорија за размена на информации, се наведува во соопштението.

Зеленски побарал и дополнителни противвоздушни ракети за заштита на украинските цивили, а Трамп одговори дека ќе работи на тоа и оти ќе размисли што е достапно во Европа.

Во соопштението се наведува и дека следните денови во Џеда, Саудиска Арабија ќе продолжат разговорите помеѓу американските и украинските тимови за прекин на огнот.

Зеленски му се заблагодарил на Трамп и за инсистирањето за размена на заробениците, а праша и за исчезнатите деца. Двете страни се согласија да работат на враќање на децата.

- Никогаш не сме биле поблиску до мирот, истакна Ливит.

Таа потврди дека САД ќе продолжи да споделува американски разузнавачки информации со Украина.

- Ќе продолжи споделувањето на разузнавачки информации во однос на одбраната на Украина, посочи Ливит.

Претходно, во заедничката изјава на американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност на Белата куќа Мајк Волц се наведува дека Трамп му предложи на Зеленски, САД да ги преземат украинските нуклеарни и други електроцентрали како гаранција за нивната безбедност.

- Американската сопственост на овие електрани ќе обезбеди најдобра можна заштита и поддршка за енергетската инфраструктура на Украина, посочи Ливит.

Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера изјави дека сака САД и другите сојузници да престанат со споделување на разузнавачки информации со Киев и да се стопира испорака на оружје за Украина.

- Нагласено е дека клучен услов за спречување на ескалација на конфликтот и негово решавање преку политички и дипломатски средства треба да биде целосен прекин на странската воена помош и доставување разузнавачки информации за Киев, соопшти вчера Кремљ по телефонскиот разговор Путин - Трамп. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk