logo
logo
logo

Непотврден прекин на огнот меѓу Израел и Иран по иранскиот ракетен напад

Vecer | 24.06.2025

Непотврден прекин на огнот меѓу Израел и Иран по иранскиот ракетен напад

По ограничениот ирански ракетен напад врз американска база во Катар, како реакција на претходните американски напади врз ирански нуклеарни објекти, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Израел и Иран постигнале договор за целосен прекин на огнот.

Иран е подготвен да ги прекине сите напади доколку Израел престане со своите акции до 4 часот изутрина по иранско време, потврди иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи.

Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран

Сепак, воени извори од Израел укажаа дека и по рокот Иран лансирал ракети кон израелска територија, што предизвикува сомнеж во одржливоста на најавениот прекин на огнот. За момент, ситуацијата останува нејасна и напната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk