„Сакам да им оддам почит на сите“, рече американскиот претседател.
„До Австралија и премиерот, сите што ги познаваме многу добро и со кои имаме одличен однос. Она што се случува таму е ужасна ситуација“, додаде тој.
Тој особено го пофали, како што рече, многу, многу храбриот човек кој нападнал еден од напаѓачите и спасил многу животи.
„Голема почит кон човекот што го стори тоа“, додаде Трамп.
Продавачот на овошје Ахмед го разоружа напаѓачот во Сиднеј
Цивилот кој физички го совлада и разоружа еден од напаѓачите за време на пукањето на плажата Бонди во Сиднеј е идентификуван како 43-годишниот Ахмед ал Ахмед, сопственик на продавница за овошје од предградието Сатерленд.
Како што потврди порталот news.com.au, Ахмед ал Ахмед, татко на две деца, бил сериозно повреден додека се обидувал да го запре напаѓачот. Неговиот братучед Мустафа изјави за 7News дека Ахмед бил погоден од два куршуми за време на нападот.
„Тој е во болница и не знаеме точно каква е неговата состојба. Се надеваме дека ќе биде добро. Тој е херој, сто проценти“, рече Мустафа.
Според достапните информации, Ахмед треба да се оперира. Се вели дека немал искуство со огнено оружје и дека случајно се нашол во близина во времето на нападот, но решил да реагира.
Снимките што кружат на социјалните мрежи го покажуваат Ахмед, облечен во бела маица, како се крие зад автомобил на паркинг недалеку од еден од напаѓачите. Во моментот на затишје помеѓу истрелите, тој одеднаш се стрча кон напаѓачот, го зграпчи одзади со фаќање за вратот и по кратка борба успеа да му ја земе пушката.
Напаѓачот потоа паѓа назад, а Ахмед го насочува оружјето кон него додека се повлекува кон мостот, повремено гледајќи назад. Подоцнежните снимки го покажуваат Ахмед како седи на земја додека минувачите му помагаат со повредата на ногата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата