logo
logo
logo

Бајден со лидерите на Г7 координира воведување нови санкции за Иран по нападот врз Израел

Vecer | 02.10.2024

Бајден со лидерите на Г7 координира воведување нови санкции за Иран по нападот врз Израел

„Одговорот е не“, им рече Бајден на новинарите на прашањето дали ќе поддржи таква одмазда откако Иран вчера истрела речиси 200 балистички проектили врз Израел, според АП.

Американскиот претседател денеска разговараше со лидерите на Г7 (САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Велика Британија) за координација на новите санкции против Иран, а по тие телефонски разговори Белата куќа објави дека лидерите на Г7 „категорично го осудија иранскиот напад врз Израел“.

„Ќе разговараме со Израелците за тоа што ќе направат, но сите седуммина (земјите од Г7) се согласуваме дека имаат право да одговорат... Но тие треба да одговорат пропорционално“, им рече Бајден на новинарите, пренесе АНСА.

Бајден рече дека ќе бидат воведени нови санкции кон Иран и додаде дека наскоро ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Очигледно е дека Иран тргна далеку од курсот“, нагласи тој.

Иран вчера лансираше повеќе од 180 балистички ракети кон Израел, потег што Бајден претходно го опиша како „неефикасен“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека Иран ќе плати за нападот.

Некои аналитичари велат дека одговорот на Израел најверојатно ќе биде поостар овој пат, сугерирајќи дека Израел би можел да ги таргетира иранските нуклеарни или нафтени постројки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk