Папата Лав XIV, во италијанскиот град Кастел Гандолфо, се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски и повторно побара разговори за прекин на огнот меѓу Киев и Москва да се одржат во Ватикан.
„Папата ја потврди својата подготвеност да ги пречека претставниците на Русија и Украина во Ватикан за преговори“, се вели во соопштението на Ватикан по состанокот.
Папата разговараше со украинскиот претседател „за тековниот конфликт и итноста од наоѓање праведен и траен мир“, а лидерите, исто така, ја потврдија важноста на дијалогот како подобар пат за прекин на непријателствата, објави Анса.
„Папата го изрази своето жалење за жртвите и ги повтори своите молитви и блискост со украинскиот народ, охрабрувајќи ги сите напори насочени кон ослободување на затворениците и барање заеднички решенија“, се додава во соопштението на Ватикан.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата