logo
logo
logo

РЕВОЛУЦИЈА НА ПУМПИТЕ! ЕУ планира да го воведе ЕВТИНОТО гориво „Е20“

Vecer | 23.04.2026

РЕВОЛУЦИЈА НА ПУМПИТЕ! ЕУ планира да го воведе ЕВТИНОТО гориво „Е20“

Европската комисија подготвува значителна промена на пазарот на горива со цел да се ублажат ефектите од енергетската криза предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток. Како што ексклузивно пренесува германскиот весник „Билд“, Брисел размислува за воведување на горивото Е20, кое содржи 20 проценти биоетанол, што би требало да донесе пониски цени за потрошувачите и побрза декарбонизација.

За реализација на овој план, неопходна е измена на Директивата на ЕУ за квалитет на горивата. Во писмо упатено до енергетските експерти од германската партија ЦДУ, претседателката на Комисијата потврдува дека моменталниот лимит од 10 проценти етанол (Е10) може да биде удвоен. Фон дер Лајен нагласува дека ваквите мешавини со повисок удел на биогорива можат да играат клучна улога во намалувањето на емисиите на штетни гасови кај постоечките возила, под услов да се потврди дека се безбедни за моторите.

Оваа најава се смета за голем политички и економски пресврт во рамките на Европската народна партија (ЕПП). Експертите за климатска политика истакнуваат дека биогоривата се најбрзиот начин за намалување на трошоците за гориво без потреба од нова, скапа инфраструктура. Според нив, ова е социјално одговорно решение кое веднаш им помага на граѓаните да заштедат пари.

Важен сегмент за потрошувачите е компатибилноста на возилата. Големите автомобилски гиганти како BMW, Volkswagen и Mercedes веќе дадоа зелено светло за употреба на Е20 кај нивните понови модели. Доколку се усвојат законските измени, европските возачи наскоро ќе добијат пристап до поевтина алтернатива на бензинските пумпи, со што значително ќе се намали зависноста од увозот на скапа нафта од нестабилните региони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk