Девојчето (6) е извлечено од запалените остатоци и со тешки повреди пренесено во болница, додека нејзиниот татко (51) не можел да се спаси.
Според пишувањата на медиумите, загинатиот пилот бил од Келн, Германија. Тој вчера попладне полетал од аеродромот Хангелар со своето дете. Авионот се урнал непосредно по полетувањето, а според очевидци, леталото се запалило по падот, пренесе 24 сата..
На фотографиите се гледа дека пожарот целосно ја уништил кабината. За време на спасувачката акција бил повреден и човекот кој прв притрчал да помогне и исто така е хоспитализиран.
На местото на несреќата брзо пристигнале бројни противпожарни екипи, три спасувачки хеликоптери и неколку екипи на брзата помош.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата