logo
logo
logo

Американски федерален судија привремено го блокира Трамп да испраќа војници во Портланд

Vecer | 05.10.2025

Американски федерален судија привремено го блокира Трамп да испраќа војници во Портланд

Федералниот судија издаде привремена забрана со која се спречува администрацијата да ја стави Националната гарда на оваа држава под федерална контрола и да ја распореди во Портланд најмалку до 18 октомври. Судењето за случајот е закажано за 29 октомври.

Службеници на градот Портланд и државата Орегон поднесоа тужба минатата недела, нарекувајќи го планираното распоредување незаконско и наведувајќи дека оваа сојузна држава е надлежна за спроведувањето на законот и за постапувањето на Националната гарда, пренесе германската агенција.

Забраната претставува уште еден неуспех за Трамп, кој се обиде да распореди војници во големите градови, честопати предизвикувајќи широки протести. Калифорнискиот суд неодамна ѝ забрани на администрацијата да користи војници во Лос Анџелес за цели на спроведување на граѓанскиот закон.

Трамп постојано го наведува зголемениот криминал како оправдување за испраќање војници во градовите предводени од демократите.

Во САД, гувернерите обично ја контролираат Националната гарда во своите држави, иако претседателот може да ја преземе командата за време на војни или национални вонредни состојби. Националната гарда е воена резервна единица и дел од вооружените сили на САД, потсетува ДПА.

Трамп претходно нареди распоредување на Националната гарда, вклучително и во Лос Анџелес за справување со протестите против рациите на имиграциските власти и во главниот град Вашингтон, за справување со она што го опиша како зголемен криминал.

Гувернерот на Илиноис, вчера, исто така, ја обвини администрацијата на Трамп дека има намера да преземе контрола врз 300 војници на Националната гарда на Илиноис за нивно распоредување во Чикаго, ескалирајќи уште еден спор околу федералната интервенција во град предводен од демократите, пренесува ДПА.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk