logo
logo
logo

Ајкула ѝ одгризала нога на жена во близина на Канарските острови, починала во болница

Vecer | 18.09.2024

Ајкула ѝ одгризала нога на жена во близина на Канарските острови, починала во болница

Се очекува шпанските власти да ги испрашаат сите кои биле на бродот под британско знаме кога ајкулата ѝ ја одгризала ногата на жената (30).

Засега нејзината смрт не се третира како сомнителна, додека непотврдени информации укажуваат дека жената била нападната додека пливала во морето, пишува Гардијан.

По нападот, Германката со хеликоптер била пренесена во болница, а во текот на возењето наводно доживеала срцев удар.

Ѝ била констатирана смрт во понеделникот по 23 часа по пристигнувањето во болницата.

Медиумите јавуваат дека ајкулата ја нападнала во меѓународни води на околу 450 километри од аеродромот Гран Канарија и околу 170 километри од градот Дал на спорната територија на Западна Сахара која моментално е окупирана од Мароко.

Бродот „Далианс Чичестер“ под британско знаме, долг 17 метри, во саботата тргнал од Гран Канарија на екскурзија.

Сигналот за помош го испратиле во понеделник околу 15:55 часот.

Шпанската крајбрежна стража ги предупредила чамците во близина за итен случај, а еден се приближил до катамаранот во кој се наоѓала жената за да им ги даде лековите.

Се вели дека шпанската крајбрежна стража ги информирала своите марокански колеги, како и британската крајбрежна стража, за потеклото на катамаранот.

Но, според локалните извештаи, мароканските власти одбиле да ја префрлат повредената жена во Рабат за итна медицинска помош.

Немало документирани претходни напади на ајкула во областа каде што се случил инцидентот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk