logo
logo
logo

ТРАМП ПАК УДРИ ПО ЗЕЛЕНСКИ: Паметен е и издржлив, ама не е благодарен!

Vecer | 09.03.2025

ТРАМП ПАК УДРИ ПО ЗЕЛЕНСКИ: Паметен е и издржлив, ама не е благодарен!

Во денешното интервју за Фокс њуз, американскиот претседател Доналд Трамп зборувал за поддршката на САД за Украина во нејзината војна против Руската Федерација.

Тој повторно јавно го критикувал украинскиот претседател Володимир Зеленски, а го испровоцирал и поранешниот американски претседател Џозеф Бајден.

„Претседателот на Украина земал пари од нашата земја под администрацијата на Бајден како што бонбони се земаат од дете. Тој е паметен и жилав, но ни ги зеде парите. Му беше лесно. Мислам дека не е благодарен“, рекол Трамп, а пренесува „Гардијан“.

Зборовите на Трамп доаѓаат само неколку дена откако САД ја прекинаа воената и безбедносната разузнавачка помош за Киев. Претходно, на 28 февруари, во Белата куќа се одржа средба меѓу Трамп и Зеленски, која заврши лошо со жестока расправија и исфрлање на Зеленски од Овалната соба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk