logo
logo
logo

Го „УКРАДОА“ МАКРОН и го однесоа кај Русите (ВИДЕО)

Vecer | 02.06.2025

Го „УКРАДОА“ МАКРОН и го однесоа кај Русите (ВИДЕО)

Восочна фигура на францускиот претседател Емануел Макрон беше украдена од музејот Гревен во центарот на Париз, а набргу потоа се појави пред руската амбасада, објавија денес француските медиуми.

Фигурата на Макрон беше украдена како знак на протест поради економските врски меѓу Франција и Русија, соопштија неименувани извори, пренесува париски Фигаро.

Неколку минути подоцна, активисти на организацијата Гринпис Франција ја поставија статуата пред руската амбасада во Париз.

Восочна фигура на Макрон беше поставена пред руското знаме и натпис „Украина гори, но бизнисот оди непречено“.

Околу статуата се поставени и други натписи со имиња на ураниум, гас, хемиски ѓубрива и други производи што Русија ги извезува.

„За нас, Франција игра двојна игра. Макрон е олицетворение на тие двојни стандарди: тој ја поддржува Украина, но ги охрабрува француските компании да продолжат да тргуваат со Русија“, рече генералниот директор на Гринпис Франција, Жан-Франсоа Жилард.

Целата акција траеше само неколку минути и заврши без интервенција на полицијата. Потоа восочната фигура на Макрон беше натоварена во камион, објави Фигаро.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk