logo
logo
logo

Британскиот премиер, КИР СТАРМЕР, ЈА НАПУШТА ФУНКЦИЈАТА?

Vecer | 17.05.2026

Британскиот премиер, КИР СТАРМЕР, ЈА НАПУШТА ФУНКЦИЈАТА?

Премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, ќе ја напушти функцијата откако самостојно донел таква одлука, наведува британски „Дејли мејл“, повикувајќи се на извори во британската влада.

„Кир Стармер им кажал на своите блиски пријатели дека има намера да го напушти местото премиер“, се наведува во статијата на „Дејли мејл“.

Според зборовите на неименуваниот соговорник на британскиот дневен весник, премиерот сфаќа каква политичка ситуација е создадена во земјата и сака достоинствено да си замине од функцијата, но сè уште не е јасно кога точно ќе биде соопштена таа одлука.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk