Познатиот музичар Род Стјуарт во едно неодамнешно интервју ја изрази својата загриженост за состојбата на палестинскиот народ, обвинувајќи го израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека се стреми кон нивно уништување. Стјуарт изјавил дека на Палестинците им се случуваат истите неправди како што им се случиле на Евреите во историјата.
Популарниот пејач, кој настапуваше во Тел Авив во 2017 година, ја истакна својата разочараност од сегашната политика и рече дека е време некој да преземе конкретни чекори за решавање на конфликтот.
Она што Нетанјаху го прави на Палестинците е токму она што им се случи на Евреите. Тоа е уништување и тоа е сѐ што сака, да ги протера сите нив. Навистина не разбирам како Израелците можат да спијат мирно.
Стјуарт додаде дека поради ставот на американската администрација во однос на продажбата на оружје на Израел, повеќе не сака да биде во пријателски односи со поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Додека на Израелците им се продава оружје, не можам да бидам пријател со Трамп. Не разбирам како оваа војна ќе заврши.
Тој спомена дека своевремено му бил чест гостин на Трамп за време на Божиќните прослави, но откако овој стана претседател, неговото однесување драстично се изменило и повеќе не го препознава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата