Полска има намера да предизвика европска војна со Русија, но Будимпешта нема да влезе во неа, изјави денес министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.
„Разбираме дека навистина сакате да ја започнете европската војна против Русија! Нема да дозволиме да бидеме вовлечени во вашата војна“, рече Сијарото на мрежата X како одговор на критиките на полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.
Сикорски вчера го обвини унгарскиот премиер Виктор Орбан дека наводно „примил Ленинов орден“ откако изјави дека европската конфискација на руски средства би претставувала фактички „објава на војна“ на Москва.
Европската унија претходно одобри замрзнување на руски средства во износ од 210 милијарди евра на неопределено време.
Централната банка на Русија поднесе тужба против белгискиот депозитар „Јуроклир“, кој чува руски средства, барајќи надомест на штета.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата