logo
logo
logo

Физичарите создадоа злато од олово

Vecer | 10.05.2025

Физичарите создадоа злато од олово

Физичарите во нуклеарниот истражувачки центар ЦЕРН во Женева го претворија оловото во злато со судир на оловни јадра речиси со брзина на светлината, а конверзијата на оловото во злато беше измерена со помош на нов механизам, соопшти организацијата.

Се наведува дека нема да се создадат „огромни количини злато“.

„Судирите со висока енергија на оловните јадра можат да создадат плазма, за која се смета дека го исполнила универзумот во милионитиот дел од секундата по Големата експлозија. Ова веројатно довело до формирање на материјата каква што ја знаеме денес“, тврдат научниците.

Напомнуваат дека кога оловните јадра ќе се најдат во 27-километарскиот тунел на акцелераторот LHC честичките многу почесто прелетуваат една покрај друга за влакно.

Интензивното магнетно поле на јадрата може да предизвика вибрации на нивната внатрешна структура и исфрлање на мал број неутрони и протони, се објаснува во соопштението, пренесува Swiss Info.

„За да се произведе злато (јадро со 79 протони), три протони мора да се отстранат од оловното јадро во зраците на LHC“, соопшти ЦЕРН.

Сепак, вкупната количина беше трилиони пати помала отколку што би било потребно за производство на едно парче накит, што ги намали сите надежи на алхемичарите, се вели во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk