Американскиот претседател Доналд Трамп доби зелено светло од страна на Федералниот апелационен суд да испрати припадници на Националната гарда во Лос Анџелес.
Оваа одлука доаѓа по бурните протести што се случија во градот поради политиките за имиграција, проследени со големи полициски акции и масовни депортации. Непријатствата кои траеја неколку дена добија дополнителен интензитет со ангажирањето на армијата, наспроти несогласувањето на локалните власти. Локалните институции целосно се противеа на таквата интервенција и ја оспорија во судска постапка.
Сепак, судот од Сан Франциско, составен од тројца судии – од кои двајца се именувани токму од Трамп за време на неговиот мандат – ја донесе одлуката во негова полза.
Градоначалникот на Лос Анџелес, Гавин Њусом, го оцени испраќањето на Националната гарда како потег што уште повеќе ги влоши тензиите и без тоа тензичната атмосфера во градот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата