logo
logo
logo

РАСТЕ БОРЈОТ НА ЗАГИНАТИ во земјотресот на Филипини

Vecer | 08.06.2026

РАСТЕ БОРЈОТ НА ЗАГИНАТИ во земјотресот на Филипини

Најмалку 19 лица загинаа, 134 се повредени, а 12 се водат како исчезнати по силниот земјотрес што утринава го погоди јужниот дел на Филипините, соопштија локалните власти, а пренесува Ројтерс.

Земјотресот со магнитуда од 7,8 степени се случи во 7:37 часот по локално време, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (ФИВОЛКС).

Епицентарот е лоциран југозападно од градот Маасим, во провинцијата Сарангани, на островот Минданао.

Геолошкиот институт на САД (УСГС) првично ја процени магнитудата на 8,2 степени, но подоцна ја ревидираше на 7,8 степени. Според податоците, земјотресот се случил на длабочина од околу 55 километри и бил проследен со бројни последователни потреси.

Најголеми штети се пријавени во градот Генерал Сантос, каде што живеат околу 70 000 жители.

На социјалните мрежи се појавија видеа кои покажуваат урнати и оштетени објекти во регионот Минданао, додека властите соопштија дека се прекинати електричната енергија и телекомуникациските услуги во повеќе погодени области.

Локалните власти соопштија дека најмалку 134 лица се повредени во неколку провинции, меѓу кои Јужен Котабато, Султан Кударат, Сарангани и градот Генерал Сантос.

Сепак, овие бројки сè уште се сметаат за прелиминарни и чекаат потврда од националните институции за катастрофи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk