Рускиот претседател Владимир Путин во среда, на 20 мај, ќе престојува во еднодневна посета на Кина, објави порталот „South China Morning Post“. Иако посетата се третира како рутинска и без свечен пречек, се шпекулира дека кинескиот лидер Си Џинпинг ќе му пренесе на Путин порака од американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека подготовките се завршени и дека официјалниот датум ќе биде објавен наскоро.
Главни теми на средбата ќе бидат билатералните односи, економската соработка и високите технологии. Русија и Кина имаат стратешко партнерство со трговска размена која надминува 200 милијарди долари, а Москва очекува од прва рака да добие детали за неодамнешните разговори меѓу Си Џинпинг и Доналд Трамп.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата