Градината ќе биде сместена во паркот Вест Потомак на бреговите на истоимената река, откри тој во објава на социјалната мрежа „Truth Socia“l.
Тој изјави дека во паркот ќе бидат подигнати споменици на основачите на нацијата, воени херои, религиозни водачи, борци за граѓански права, спортисти и истакнати уметници и забавувачи. Како дел од прославата на годишнината од Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави во 1776 година, Трамп се залага и за изградба на „Триумфална порта“ висока 76 метри во главниот град на САД.
Трамп ја најави спомен-градината уште во 2020 година за време на говорот на планината Рашмор, опишувајќи ја како одговор на „културата на откажување“ и „лутите толпи“ кои сакаат да ја „избришат американската историја“ и да ги „индоктринираат нашите деца“.
Прославата на 250-годишнината од Соединетите Американски Држави ќе вклучува трка со ИндиКар во центарот на Вашингтон, како и борба на УФЦ во близина на Белата куќа, објавува „The Hill“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата