logo
logo
logo

ПРЕДЛОГ ЗА ПРИМИРЈЕ: Стигна првата реакција од Москва, еве што велат за Трамповото „за танго потребни се двајца“

Vecer | 11.03.2025

ПРЕДЛОГ ЗА ПРИМИРЈЕ: Стигна првата реакција од Москва, еве што велат за Трамповото „за танго потребни се двајца“

Украина вечерва се согласи со предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот со Русија, претставен на состанокот на претставниците на двете земји во Саудиска Арабија.

Набргу потоа, американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека „топката е на теренот на Русија“, а Доналд Трамп најави дека најверојатно ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин до крајот на неделата.

Првата реакција од Кремљ дојде веднаш.

Руското Министерство за надворешни работи објави соопштение, а неговата портпаролка Марија Захарова, како што јави агенцијата Тасс, вели дека „не исклучуваат контакт со американски претставници во следните неколку дена“.

Меѓу другото, Трамп им рече на новинарите дека ќе го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски назад во Белата куќа и дека се надева на почеток на прекин на огнот во следните неколку дена.

За очекуваниот разговор со Путин накратко рече:

- Како што велат, за танго се потребни двајца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk