Според соопштението на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, предлогот доставен до Вашингтон содржи клучни барања за целосно повлекување на американските сили од регионот и укинување на сите економски санкции.
Како што пренесува „Спутник“:
Иранскиот предлог од 10 точки предвидува:
-Формална обврска на САД дека нема да вршат агресија врз Иран.
-Продолжување на иранската контрола врз Ормускиот теснец.
-Признавање на правото на Иран за збогатување ураниум.
-Целосно укинување на американските примарни санкции.
-Целосно укинување на американските секундарни санкции.
-Поништување на сите одлуки на Советот за безбедност на ОН насочени против Иран.
-Суспензија на сите резолуции на Одборот на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
-Исплата на воена отштета на Иран.
-Повлекување на американските воени сили од Блискиот Исток.
-Прекин на огнот на сите фронтови, вклучително и прекини на нападите врз движењето на „Исламскиот отпор“ во Либан.
Потсетуваме дека Соединетите Американски Држави и Иран, со посредство на Пакистан, постигнаа договор за двонеделен прекин на огнот. Клучниот дел од овој договор е овозможувањето непречен премин за трговските бродови низ стратешкиот Ормуски теснец.
На примирјето се согласи и Израел, а официјален Исламабад потврди дека договорениот прекин на непријателствата се однесува и на територијата на Либан. Сепак, и покрај официјалниот договор меѓу Вашингтон и Техеран, во текот на ноќта и утрово беа регистрирани напади во неколку земји низ Блискиот Исток, што ја доведува во прашање стабилноста на постигнатото примирје.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата