Американскиот претседател Доналд Трамп експресно го одби иранскиот предлог за прекин на војната, бидејќи планот воопшто не го вклучува клучниот услов за Вашингтон , иранската нуклеарна програма, пишува „Њујорк Тајмс“.
Според изјави на американски претставници, Трамп бил дециден во својот став дека таквиот предлог „не му се допаѓа“.
Техеран понуди план за олеснување на контролата над стратешкиот Хормушки Теснец во замена за укинување на американската блокада и прекин на воените дејствија, но со барање нуклеарните преговори да се одложат за подоцна. Токму ова одложување е причината за одбивањето од страна на Белата куќа, со што двете страни остануваат во „пат-позиција“. Додека трае оваа дипломатска војна, светот веќе ги чувствува економските последици преку драстичниот раст на цените на енергенсите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата