logo
logo
logo

СТРАВ ОД БЛОКАДА НА НОВА ПОМОРСКА РУТА - Стоп за 40% од светската трговија

Vecer | 28.04.2026

СТРАВ ОД БЛОКАДА НА НОВА ПОМОРСКА РУТА - Стоп за 40% од светската трговија

Додека вниманието на светот е насочено кон Ормускиот Теснец, една друга поморска артерија во Југоисточна Азија тивко станува центар на геополитички тензии со потенцијал да ја урне глобалната економија. Станува збор за Малајскиот Проток, низ кој поминува дури 40 отсто од светската трговија.

За разлика од Хормуз, кој е витален за нафтата, овој проток е главната жила на глобалните синџири на снабдување. Идејата за воведување „морска патарина“ неодамна беше покрената од индонезискиот министер за финансии, Пурбаја Јуди Садева, кој се повика на примерот на Иран. Сепак, Сингапур и Малезија остро се спротивставија, нагласувајќи дека слободната пловидба е загарантирана со меѓународното право (UNCLOS).

Најголемиот влог во оваа приказна го има Кина. Дури 80 отсто од кинескиот увоз на нафта поминува низ овој тесен премин, што го прави Малајскиот Проток најголемата стратешка слабост на Пекинг. Постои оправдан страв дека САД, користејќи го своето воено присуство во регионот, би можеле да го ограничат сообраќајот во случај на сериозен конфликт.

Последиците од каков било прекин би биле катастрофални, глобалните синџири на снабдување „речиси веднаш би колабирале“, а цените на енергијата вртоглаво би пораснале. Европа исто така не би била поштедена, со оглед на тоа што околу 9 отсто од германскиот увоз поминува токму низ оваа рута.

„Овде не станува збор само за нафта, туку за целиот систем на светската трговија. Секој посериозен прекин во овој тесен морски проток би имал последици што ги надминуваат и најцрните сценарија од Блискиот Исток“, пишува Handelsblatt.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk