Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека тешко му паднале лошите резултати на Лабуристите на локалните избори и дека презема одговорност за тоа.
„Ако Лабуристите не работат како што треба, нашата земја ќе тргне по многу мрачен пат. Преземам одговорност што не си заминав од премиерската функција, што не ја турнав нашата земја во хаос, како што тоа секогаш го правеа Ториевците, нанесувајќи ѝ трајна штета на оваа земја“, рече Стармер, пренесува „Гардијан“.
Тој оцени дека Велика Британија се наоѓа пред политички предизвици, но на подлабоко ниво се бори против очајот кој настојуваат да го искористат политичките опоненти на Лабуристите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата