Руското Министерство за надворешни работи упати итно предупредување до дипломатските претставништва во Киев веднаш да го евакуираат својот персонал во случај на масовен напад од страна на Москва. Оваа закана доаѓа како најавен одговор на каков било обид на Украина да ја попречи прославата на Денот на победата, 9 мај, во Русија.
Портпаролката Марија Захарова ги повика странските власти со најголема одговорност да ја третираат оваа изјава, нагласувајќи дека Москва нема да остане без одговор на евентуалните провокации за време на воената парада на Црвениот плоштад. Според Захарова, претседателот Зеленски веќе упатил агресивни закани за прекин на прославата за време на неговиот престој во Ерменија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата