logo
logo
logo

Иран: Ормутскиот теснец мора да остане под наша контрола, странските сили мора да си заминат

Vecer | 07.05.2026

Иран: Ормутскиот теснец мора да остане под наша контрола, странските сили мора да си заминат

Мохсен  Резаи, поранешен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда и сега член на Советот за разумност на Иран, изјави дека Иран „нема да преговара со никого за нуклеарното прашање“ и дека контролата врз Ормутскиот теснец мора да остане во ирански раце.

Неговите изјави ги пренесе иранската новинска агенција ИСНА, објави Ал Џезира. Стратешката важност на теснецот „Доколку контролата и управувањето со Ормутскиот теснец паднат од рацете на Иран, непријателот повторно ќе го употреби како оружје против нашата земја и народ“, предупреди Резаи.

Повик до странските сили да си заминат Тој нагласи дека пристапот на Иран кон безбедноста се базира на регионална самодоволност.

„Нашиот модел е јасен: регионот мора да ја обезбеди својата безбедност. Странските сили - без разлика дали се американски или европски - мора да си заминат“, заклучи Резаи.

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, во разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, дополнително ја заостри својата реторика кон Вашингтон, обвинувајќи ги САД дека „ја заменуваат дипломатијата со закани, притисок и санкции“.

Како што објави Ал Џезира, Пезешкијан рече дека поради таквото однесување, Техеран повеќе не може да им верува на САД. „Во двата наврати кога влеговме во дијалог со САД, паралелно се одвиваше воена агресија против Иран. Таквото однесување е како да се забоде нож во грб“, рече иранскиот претседател.

Зборувајќи за Ормускиот теснец, тој рече дека Иран со децении е гарант за безбедноста на овој стратешки воден пат, но дека американските акции, вклучително и поморската блокада, го дестабилизираат регионот. „Секое преговарање за целосно отворање на Ормускиот теснец бара укинување на поморската блокада на САД“, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk