logo
logo
logo

Се распадна МОЦАРТ паравојската на маринците, пандан на руските ВАГНЕР

Vecer | 02.02.2023

Се распадна МОЦАРТ паравојската на маринците, пандан на руските ВАГНЕР

Кога една организација наречена Моцарт, предводена од поранешни американски маринци, се појави во Украина минатата пролет, тоа беше одговорот на Америка на озлогласената руска паравоена група Вагнер и нивниот шеф Евгениј Пригожин. Моцарт vs. Вагнер.

Но, овие денови, групата Моцарт, една од најистакнатите приватни воени организации на САД во Украина, пропадна под голем број меѓусебни обвинувања на шефовите, кои се движат од финансиски неправилности до погрешни проценки предизвикани од алкохол, кои беа упатени до основачите Ендрју Милбурн и Ендрју Бејн, пишува хрватскиот Јутрањи лист.

Пред неколку дена, Ендрју Милбурн, поранешен полковник во американските маринци и водач на групата Моцарт, застана во студена сала за состаноци на вториот кат од станбена зграда во Киев за да и пренесе лоши вести на групата. Пред него седеше група мажи кои допатувале во Украина за да работат кај него.

„Момци, нервозен сум. Групата Моцарт е мртва“, им рекол Милбурн додека собраните луѓе зјапале во него. Еден од нив прашал додека одел кон вратата: „Што да правам со мојот шлем?“

„Сум видел дека ова се случува многупати. Мора да ги водите овие групи како бизнис. Имено, по февруари 2022 година стотици, ако не и илјадници странски ветерани и волонтери поминаа низ Украина и многу од нив, како Милбурн и неговата група, се „соло играчи“ кои се обидуваат да оперираат во многу опасна средина без многу структура или правила. Групата Моцарт најпрво напредуваше, обучувајќи ги украинските војници собирајќи над 1 милион долари донации за да го финансираат сето тоа. Но, тогаш парите почнаа да исчезнуваат. Она што се случило го откри „Њујорк тајмс“ во статија напишана од добитникот на Пулицерова награда Џефри Гетлман.

По неколку месеци борба да се одржат заедно, Моцарт сега се исцрпени од заминувањата, внатрешните тепачки, упадот во неговото седиште и тужбата поднесена од Ендрју Бејн (сопственик на 51% од фирмата која стои зад Моцарт, главниот финансиски директор на компанијата, барајќи заминување на својот ортак Милбурн, косопственик на 49% од фирмата.

Тужбата, поднесена во Вајоминг, каде Моцарт е основан како друштво со ограничена одговорност, содржи голем број различни обвинувања против Ендрју Милбурн, вклучително и давање навредливи коментари за раководството на Украина додека бил „значително пијан“, но и поради „пренасочување на средствата на компанијата“ и други финансиски измами.

„Јас ќе бидам првиот што ќе признае дека не е во право. Сите ние грешиме“, рече Милбурн во интервју за Тајмс, признавајќи по пат дека пиел кога ги давал несоодветните коментари за лидерите на Украина.

Но, тој ги отфрли посериозните обвинувања за финансиски неправилности, нарекувајќи ги „апсолутно смешни“. Кога Милбурн се појави во Украина на почетокот на март минатата година, главниот град Киев беше навидум на работ на бездната. Руските сили навлегуваа во предградијата, а Украина испраќаше илјадници неискусни војници на фронтот.

Потоа, преку заеднички пријател, Милбурн го запознал ортакот Бејн, исто така поранешен полковник на американските марици, кој веќе работел во Украина. „Двајцата Анди“, како што ги нарекуваа вработените во Моцарт, споделија визија да направат се што можат за да и помогнат на Украина да победи во војната.

Триесетгодишната воена кариера на Милбурн вклучува борби низ целиот свет, од Сомалија до Ирак. Благодарение на неговото борбено искуство, тој оствари контакти на високи места, како што се писателот Бинг Вест и поранешниот секретар за одбрана на САД, генерал Џејмс Матис, кои ги смета за пријатели.

Во неделата наутро, на 11 декември, Милбурн и неколку вработени отишле во седиштето на компанијата, сместено во зграда во Киев во сопственост на Ендрју Бејн, за да ги соберат зимските јакни, панцирот и личниот багаж што се наоѓале во складиштето.

Кога чуварот одбил да ги пушти внатре, еден од луѓето на Милбурн го набутал на ѕидот, а Милбурн ја отворил вратата со клоци. Подоцна, тој рече дека им е потребна опрема за мисиите во Донбас, кој беше под немилосрдни руски напади.

Недолго потоа, на Интернет се појави клип во кој Милбурн го омаловажува раководството на Украина. „Имам знаме на Украина врзано за мојата торба. О Боже, Украина е супер. Но, има многу заебани луѓе кои ја водат Украина“, гласи неговиот монолог.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk