На Германија и се заканува недостиг на гас доколку испораките од Русија останат ниски како што се сега, а доколку ги нема доволно до зимата, одредени индустрии ќе мора да бидат затворени, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек за магазинот „Шпигел“.
„Компаниите би морале да го прекинат производството, да отпуштат работници, синџирите на снабдување би пропаднале, луѓето би се задолжувале да ги платат сметките за парно, тие луѓе би станале посиромашни“, рече Хабек, пренесува Ројтерс.
Тој оцени дека тоа е дел од стратегијата на рускиот претседател Владимир Путин да предизвика поделби во земјата „во јаслите на популизмот, кој има за цел да ја поткопа нашата либерална демократија одвнатре.“ Хабек додаде дека „не смее да се дозволи да се остварат плановите на Путин. "
Германскиот министер ги истакна и изгледите за натамошно олеснување на компаниите и граѓаните погодени од гасната криза, но предупреди дека нема да биде можно да се апсорбираат сите последици.
Ројтерс, исто така, пренесува дека Клаус Милер, шеф на германската регулаторна енергетска мрежа Bundesnecagentura, изјави за радио АРД дека потрошувачите би можеле да се соочат со двојно или тројно зголемување на трошоците за енергија, кои во некои случаи веќе се зголемени за меѓу 30 и 80 отсто поради зголемените цени од минатата есен.
Bundesnecagentura разгледуваше различни сценарија, рече Милер, а повеќето од нив „не се убави и значат или премалку гас на крајот на зимата или многу тешка ситуација веќе во есен или зима“.
Германија во четвртокот ја започна втората од трите фази на својот план за вонредна состојба за гас, кој е закажан кога владата проценува дека постои висок ризик од долгорочен недостиг на гас. Берлин, сепак, не дозволи комуналните претпријатија да ги префрлат зголемените трошоци на потрошувачите како дел од оваа фаза.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата