logo
logo
logo

„Њујорк тајмс“: САД ќе распоредат втор носач на авиони на Блискиот Исток

Vecer | 13.02.2026

„Њујорк тајмс“: САД ќе распоредат втор носач на авиони на Блискиот Исток

Според весникот на Блиски Исток ќе биде распореден носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“, што во моментот е на Карибите.

Белата куќа и Пентагон сè уште не ги коментирале наводите на весникот.

Претседателот на САД, Доналд Трамп пред неколку дена изјави дека размислува за испраќање на втор носач на авион на Блиски Исток ако не се постигне договор со Иран за нуклеарната програма на Техеран.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој пред два дена се сретна со Трамп, наведе дека се надева оти американскиот претседател ќе создаде услови за постигнување договор со Иран.

Првиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ и неколку бродови разорувачи со наведувачки ракети е распореден на Блиски Исток во јануари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk