logo
logo
logo

Што му носи ОРБАН НА ПУТИН?

Vecer | 26.11.2025

Што му носи ОРБАН НА ПУТИН?

Унгарскиот премиер Виктор Орбан треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во Москва овој петок, што би била нивна прва директна средба по повеќе од една година, односно од средбата во јули 2024 година, објавуваат унгарските медиуми.

Засега нема официјална потврда за оваа средба од унгарската влада, објавува Телеграф.

Да потсетиме дека Орбан се смета за еден од лидерите на Европската Унија кој е најотворен за соработка со Москва и покрај војната во Украина, а претходно овој месец го посети и американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

Во октомври, Унгарија беше спомената како можно место за самит меѓу Трамп и Путин, но американскиот претседател се откажа од идејата, објаснувајќи дека таквата средба веројатно нема да донесе напредок во мировните преговори.

Сепак, Трамп оваа недела објави на својата социјална мрежа Truth Social дека би можел да се сретне со Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски „наскоро“, но нагласи дека тоа ќе се случи само откако ќе се постигне мировен договор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk