Белорусија ослободи 123 политички затвореници, меѓу кои и истакнатата опозициска активистка Марија Колесникова, како и добитникот на Нобелова награда за мир, Алеш Бјалацки.
Овој неочекуван потег следеше по договорот со Соединетите Американски Држави за укинување на санкциите врз таа источноевропска земја, пишува Би-Би-Си.
Ослободувањето дојде по преговорите во Минск со Џон Кол, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Белорусија.
Соединетите Американски Држави, пак, ветија дека ќе ги укинат санкциите врз извозот на поташ, клучна состојка во производството на ѓубрива, што претставува важен дел од белоруската економија.
Патем, Марија Колесникова помина пет години во затвор, од протестот во 2020 година, и поголемиот дел од тоа време беше во самица.
Нејзината сестра Татјана, која неуморно се залагаше за нејзино ослободување, ја потврди веста за Би-Би-Си откако можеше да разговара со неа преку видео повик.
Се очекува група ослободени затвореници наскоро да пристигне во Вилнус, главниот град на соседна Литванија, каде што голем број луѓе веќе се собираат пред американската амбасада за да ги пречекаат.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата