logo
logo
logo

Очекувања за јасна поддршка на македонскиот јазик и идентитет во Европскиот парламент

Vecer | 23.06.2025

Очекувања за јасна поддршка на македонскиот јазик и идентитет во Европскиот парламент

Утре во Европскиот парламент ќе се гласа за извештајот за напредокот на Македонија, кој го подготви европратеникот Томас Вајц. Од македонската страна се надеваат на јасна и недвосмислена поддршка на македонскиот јазик и идентитет, без дополнителни услови или ограничувања.

Претходно, извештајот беше тргнат од дневен ред на 4 јуни поради инсистирање на Вајц, поради реакции од бугарски европратеници кои не се согласуваа со формулациите околу македонскиот јазик и идентитет.

Документот е изработен во соработка со сите пратенички групи и не треба да биде предмет на блокади поради билатерални спорови.

Томас Вајц, известувач од Европскиот парламент

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски истакна дека имало обиди во извештајот да се менува дефиницијата за идентитетот, преку внесување термини како 'модерен' или 'сегашен' македонски јазик.

Мицкоски додаде дека најголем дел од европратениците ја поддржуваат Македонија и се против политиките на опструкции. Според распоредот, седницата на Комитетот за надворешни работи ќе почне од 9 часот, а извештајот на Вајц е прва точка за дискусија.

Бугарските европратеници веќе поднесоа повеќе амандмани – меѓу кои и такви што бараат извештајот да не биде разгледуван воопшто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk