<b><i>Ужасната судбина на поранешниот кошаркар...</i></b>
Поранешната НБА ѕвезда Делонте Вест го допре дното по завршувањето на кариерата, стана зависник и бездомник, а сега проси по улиците на Далас.
40-годишникот изгледа непрепознатливо. Ги потрошил огромните милиони заработени во текот на кариерата, почнал да се дрогира и да пие.
Сопственикот на Далас Маверикс, Марк Кубан, платил за рехабилитација на Вест, со помош на поранешниот соиграч Леброн Џејмс за Вест повторно да има пристоен живот. Сепак, тој никогаш не успеа да истрае.
– Го носиме на рехабилитација во Флорида, а тој ги зема работите, ги фрла преку оградата и исчезнува, открил Марк Кубан, додавајќи:
- Тој е болен, има биполарно растројство. За него тоа е борба. Зависноста е страшна работа. И менталната болест е исто така ужасна. Прво мора да сака да му се помогне. Го пробав тоа. Знам дека му е тешко, но му посакувам само најдобро.
Сепак, и покрај тоа што сите сакаа да му помогнат, се чини дека тој навистина не се вразумил. Често се појавуваа видеа од славниот кошаркар како проси, а едно момче објави видео од Делонте Вест од бензинска пумпа на кое може да се види како разговара со поранешниот кошаркар. Дури се обидел да му објасни дека останал без пари откако се погрижил за секој член од неговото семејство.
Мајката на ова момче го прашала дали по кариерата ги вложил парите во нешто, а потоа Вест почнал да зборува.
- Се грижев за моето семејство и нивните деца и секој од нив што отиде на факултет. Се погрижив секој од нив да има своја куќа, рекол Вест во таа прилика, а потоа го прашала како е можно никој од нив да не му се оддолжил за сето тоа.
- Се борам сам. Не барам ништо за возврат, кусо додал Вест.
Во својата осумгодишна кариера во НБА, Делонте Вест играше за Бостон Селтикс, Сиетл Суперсоникс, Кливленд Кавалирс и Далас Маверикс. Накратко беше во Кина и Г лигата, каде што ја заврши кариерата во 2015 година.
Во својата НБА кариера, 193 сантиметри високиот кошаркар имаше просек од 9,7 поени, 2,9 скока и 3,6 асистенции по натпревар.
За време на кариерата во НБА, тој заработил околу 16.000.000 долари, а пред две години бил уапсен на Флорида кога имал необична средба и разговор со органите на редот.
- Бев подобар од Леброн. Јас сум подобар од Џордан. Бев најдобар кој се занумавал со овој спорт. Замолчи - Вест тогаш грмеше на полицајците, а потоа наводно рекол дека е претседател на Соединетите Американски Држави и Исус Христос.
<b>Здравствени проблеми</b>
Пред десет години на поранешниот кошаркар му беше дијагностицирано биполарно растројство, имаше сериозни психички проблеми, а подоцна се препушти на пороците, па животот целосно му се распадна.
Последните информации не се добри, покрај се што помина има и сериозни здравствени проблеми.
„Знаете дека имав проблеми со моето ментално здравје, но сега се справувам и со рана фаза на мултиплекс склероза. Само го губам умот. Понекогаш заборавам дека играв дури и кошарка“, открил во една прилика Вест.