logo
logo
logo

Тухел: Не знам зошто, но престанавме да се држиме до планот

Vecer | 01.05.2024

Тухел: Не знам зошто, но престанавме да се држиме до планот

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел, зборуваше по ремито 2:2 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Почнавме многу добро и можевме да поведеме уште во првата минута. Потоа престанавме да се држиме до нашиот план, не знам ни зошто“, започна Тухел.

Примивме гол и работите станаа тешки. Се подобрија во вториот дел и водевме со 2:1. Имавме многу шанси. Беше чудно чувство. Ситуацијата е јасна. Победа во Мадрид ќе не испрати на Вембли. За мене сепак 50/50. Да видиме што ќе се случи“, “, додаде тренерот на Баерн.

Тухел и Анчелоти се соочија и пред две години, тогаш во четвртфиналето помеѓу Челзи и Реал. Германскиот стручњак тогаш славеше во луд меч во Мадрид, а на крајот тоа не беше доволно „сините“ да се пласираат во полуфиналето.
Не е важно дали сум тренер кој знае како да се победува на стадионот ‘Сантијаго Бернабе’, туку треба сите да веруваме дека можеме. Тоа е едно од најтешките места за победа, меѓутоа убавината на фудбалот е токму во таквите предизвици“, заклучи Германецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk