logo
logo
logo

Војната продолжува: Галата му “стави“ лудачка кошула на Мурињо! (ВИДЕО)

Vecer | 03.04.2025

Војната продолжува: Галата му “стави“ лудачка кошула на Мурињо! (ВИДЕО)

Никогаш не е мирно кога станува збор за фудбалот во Турција, посебно кога се во прашање Галасарај и Фенербахче. Кога играат овие два клуба, кога се игра дербито на Истанбул тогаш во Турција ништо друго не е важно. Тогаш се води војна во фудбалска смисла на зборот.

Синоќа имаше нов циркус меѓу овие два гиганти, Галата победи со 1:2 на гости, а тренерот на Фенер, Жозе Мурињо направи нов инцидент кога по мечот за нос го удри својот колега од спротивниот табор, Окан Бурук.

Јасно е дека Галата не го одмолче ова, па на клупските социјални мрежи излезе видео во кое се гледа како Жозе е во лудачка кошула.

Навистина интересно. Да, никогаш не е здодевно во фудбалска Турција, и кога на тоа ќе го додадеш и “Специјалниот“, тогаш страстите зовриваат.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk