logo
logo
logo

Брентфорд ја отвора вратата за враќање на Ериксен

Vecer | 07.04.2025

Брентфорд ја отвора вратата за враќање на Ериксен

Кога Кристијан Ериксен се врати во фудбалскиот живот во пролетта 2022 година, тој заврши во Брентфорд. Данскиот стратег Томас Френк со голема радост и возбуда се сеќава на неговите 6 месеци во Брентфорд и вели дека нема никаков проблем, Ериксен и следната сезона да се врати во дресот на „пчелите“.

„Кристијан Ериксен е фантастичен играч. Тој е најдобриот дански играч во последно време.  Кристијан помина фантастично кај нас и ја сум отворен за сите играчи, но има многу работи кои влијаат на тоа дали тој може да се врати во Брентфорд. Но, да кажам вака, ништо не е затворено“, вели Френк.

Кога ќе го напушти Манчестер Јунајтед ова лето, Ериксен како слободен играч ќе бара нов клуб. Дали ќе остане во Премиер лигата, засега е крајно неизвесно.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk