logo
logo
logo

Конате бара трипати поголема плата за да остане во Ливерпул

Vecer | 07.04.2025

Конате бара трипати поголема плата за да остане во Ливерпул

Централниот дефанзивец на Ливерпул, Ибрахима Конате сака зголемување на платата за 120.000 фунти неделно.

25-годишниот француски централен бек има договор со „црвените“ до летото 2026 година и заработува 80.000 фунти неделно. Страните започнаа преговори за нов договор уште во октомври 2024 година, но сè уште не успеале да се договорат за нова соработка.

Тимот на Ибрахим Конате бара од Ливерпул да ја зголеми платата на играчот за 120.000 фунти до 200.000 фунти неделно.

Интерес за Конате покажуваат Реал Мадрид и ПСЖ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk