Фудбалерот на Виртон, Иломбу Мбојo е ранет во пресметка на банди на улиците на Брисел. Како што пренесуваат белгиските медиуми, Мбоје и уште две лица биле главна цел на напаѓачите.
Поранешниот белгиски репрезентативец е погоден во раката и е во болница.
Пукањето се случило поради несогласувања помеѓу две банди во Брисел, а дел од медиумите шпекулираа дека Мбојo е вмешан во трговија со дрога, но се воспостави дека тоа не било вистина.
Мбојo, кој има 36 години оваа сезона во 16 меча за Виртон постигна шест гола.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата