Денеска во Шпанија е – Денот на лагата. Па токму затоа медиумите во Каталонија, поточно “Мундо Депортиво“, се одлучи на шокантна лага со која ќе се пошегува со Винисиус, со Реал Мадрид и со ПСЖ.
Имено како ексклузивна вест тие објавија дека Вини потпиша десетгодишен преддоговор со ПСЖ и тоа во Вухан (Кина). Со ова Насер Ал – Келаифи и катарските газди на ПСЖ и тоа како му се одмаздиле на Флорентино Перез за трансферот на Килијан Мбапе.
Важна улога во тој наводен трансфер има Нејмар кој го наговорил својот сонародник да се пресели во Париз, а имало понуда и за него да се врати во ПСЖ.
Официјалната промоција била закажана на јахта на Сена, тоа би било невиден спектакл, нешто слично како на отворањето на ЛОИ во Париз.
За да не биде исто како со Мбапе, ПСЖ на Вини му го спремил дресот со бр.77.
По се ова јасно е дека оваа приказна е само една голема лага, искористен бил денот по традиција да се пласираат вакви лажни информации.