logo
logo
logo

Гигантите се борат за хит-напаѓачот на Премиер-лигата: Ќе треба да платат 180 милиони евра

Vecer | 29.12.2024

Гигантите се борат за хит-напаѓачот на Премиер-лигата: Ќе треба да платат 180 милиони евра

Александар Исак игра во блескава форма во Премиер-лигата. Напаѓачот на Њукасл и шведската репрезентација постигна седум гола на последните шест натпревари и со тоа стигна до бројката од 11 првенствени голови на 16 одиграни натпревари. Покрај тоа, има и четири асистенции.

Исак веќе некое време се поврзува со бројни европски гиганти. Арсенал сакаше да го врати летово, сега контактираше Челзи, а се споменува и Пари Сен Жермен. Телеграф наведува дека не треба да се исклучи ниту интересот на Реал Мадрид и Барселона. Сепак, кој сака да го донесе ќе треба да одвои една од најголемите трансфер суми во историјата на фудбалот.

Како што пренесува Телеграф, Њукасл за Исак бара 180 милиони евра. Ова е истата сума што ПСЖ му ја плати на Монако за Килијан Мбапе, додека поскап беше само Нејмар кој за 222 милиони си замина од Барселона во ПСЖ.

Ваквиот потег на Њукасл не треба да чуди со оглед на тоа што клубот во сопственост на Саудиска Арабија нема финансиски проблеми. Самиот Њукасл веќе му плати на Реал Сосиедад 70 милиони евра за Исак во летото 2022 година и јасно е дека немаат намера да го пуштат за помалку пари.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk