logo
logo
logo

Винисиус го постигна голот на кариерата (ВИДЕО)

Vecer | 21.03.2025

Винисиус го постигна голот на кариерата (ВИДЕО)

Бразил се најде на второто место во квалификациите за Светското првенство во КОНМЕБОЛ, откако ја совлада Колумбија со 2-1. Бразил напредуваше за пет позиции во поредокот и сега е само зад Аргентина. Винисиус Жуниор стана херој постигнувајќи го победничкиот гол во последните секунди од натпреварот.

Домаќините го отворија резултатот во 9. минута со голот од пенал на Рафиња, но во 41. минута Луис Дијаз израмни. Колумбија можеше дури и да направи целосен пресврт, но на крајот доживеа пораз и падна на шестото место во поредокот со 19 бодови, исто колку и Еквадор.

Се чинеше дека нема да има победник на овој натпревар. Имаше обиди, но се изгледаше слабо до 99. минута од натпреварот.

Винисиус ја зема топката. Се чинеше дека тоа ќе биде само уште еден залуден напад, но потоа следеше удар од 25 метри, Варгас беше беспомошен и ѕвездата на Реал Мадрид го постигна еден од најубавите голови во кариерата за голема победа на Кариока од 2-1.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk