logo
logo
logo

Виљареал со гостински триумф кај Бетис

Vecer | 13.04.2025

Виљареал со гостински триумф кај Бетис

Во дуел на реално сезонава изедначените екипи, тимот на Виљареал на гостински терен успеа да слави кај Бетис со конечни 1:2.

Мечот кој секако беше окарактеризиран како еден од најинтересните викендов заврши со гостински триумф само како потсетување дека Примера сезонава е конкуренција во која има доста изненадувања.

Домаќините се понадеваа на лесен меч откако по само три минути игра Руибал погоди за нивно водство. Тиерно Бари изедначи во 26. минута откако реализираше удар од белата точка.

На стартот на вториот дел Перез направи комплетен пресврт со голот за 1:2, и тоа беше се од погодоците на овој меч.

Виљареал сега е петти со 51. бод, додека пак Бетис е зад него со 48.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk