logo
logo
logo

Натпреварот запрен во 61 минута за 61 жртва од Кочани - Маневски му го посвети голот на Андреј Лазаров

Vecer | 16.04.2025

Натпреварот запрен во 61 минута за 61 жртва од Кочани - Маневски му го посвети голот на Андреј Лазаров

Во 61 минута натпреварот Вардар – Црвена звезда, кој вечерва се игра во Скопје, беше стопиран за да се одаде почит на загинатите во големата трагедија во кочани.

Натпреварот запре, фудбалерите застанаа и заедно со целиот стадион посветија едноминутен аплауз на 61 жртва.

Претходно, Михаил Маневски, кој го даде засега единствениот гол за Вардар, по погодокот го соблече дресот, истакна маичка на која беше напишано Андреј Лазаров и заплака за загинатиот фудбалер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk