logo
logo
logo

Ѓуроски доаѓа на местото на Антиќ. ДОАЃА

Vecer | 16.04.2025

Ѓуроски доаѓа на местото на Антиќ. ДОАЃА

Младен Ѓуроски и официјално ја поднесе кандидатурата за нов претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, наскоро тој треба да ја преземе функцијата од Перо Антиќ со оглед на тоа што ја има поддршката од речиси сите клубови.

Иницијаторите за промена на Перо Антиќ закажаа Вонредно собрание откако тој не го испочитува нивното барање.

Зад кандидатурата на Ѓуроски застанаа 36 клубови, со нивните потписи тој денеска до Кошаркарската федерација на Македонија ја достави одлуката за свикување на собир за избор на нов прв човек на кошарката во нашата земја.

„Иницијативниот одбор врз основа на членот 36 од Статутот на Кошаркарска Федерација на С. Македонија свикува воредно собрание на 30 Април со почеток во 16 часот во салата за прес конференции при СЦ Борис Трајковски“, пишува во информацијата доставена до Куќата на кошарката.

Младен Ѓуровски во КФМ планира да влезе со тим на македонски кошаркарски легенди како што се Петар Наумоски, Врбица Стефанов и Владо Илиевски. Тие тројца ќе му бидат поддршка во извршувањето на претседателската функција.

Фото: притнскрин јутјуб

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk